Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун и американскиот државен секретар Џон Кери ги осудија нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија, во кои загинаа 43 лица.
Бан истакна дека најостро ги осудува нападите, напоменуваќи ддека за осуда се сите терористички напади и оти нема никакво оправдание за преземање на вакви дејствија.
Се надевам дека извршителите на тие злосторства ќе бидат пронајдени и изведени пред суд што е можно поскоро, рече тој, изразувајќи му сочувство на турскиот народ.
Кери исто така излезе со остра осуда за нападите, извршени со два автомобили-бомби.
Оваа ужасна вест сите длабоко не погоди.
Стоиме до нашиот сојузник Турција, нагласи тој и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.
Иран и Алжир исто така ги осудија нападите.
Амбасадата на Иран во Турција ги означи како „жесток терористички напад“, а висок претставник на иранското Министерство за надворешни работи истакна дека борбата против тероризмот е заедничка задача на сите држави.
Министерството за внатрешни работи на Алжир изрази солидарност со турските влати и турскиот народ и нагласи оти ништо не може да ги оправда ваквите дејствувања.