Извештајот на Хоти за дијалогот со Србија и две интерпелации денеска пред косовското Собрание

Од:

Собранието на Косово денеска ќе одржи пленарна седница со преостанатите точки од минатите седници, како и една нова сесија, на чиј дневен ред е извештајот на премиерот Авдулах Хоти за дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ќе се расправа и за интерпелацијата за министерот за образование и наука Рам Ликај, од кого опозициското Движење самоопределување побара оставка поради наводните пропусти во подготовките за почетокот на новата учебна година во услови на пандемијата на Ковид-19.

На дневен ред е и интерпелацијата за министерот за внатрепни работи Агим Велиу, од кого опозицијата бара одговорност во врска со неодамнешното влегување на униформирани припадници на безбедносните сили на Република Србија на територијата на Република Косово, односно во селото Карачево во општина Каменица.

Собраниската седница е закажана за во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија