Со натпреварите Јувентус – Каљари 1:1 и Катанија – Пескара 1:0, вчеравечер започна претпоследното 37.коло во Италијанското фудбалско првенство.
Екипата на Наполи, за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев во оваа рунда игра со Сиена. Наполи го има обезбедено втрото место на табелата зад Јувентус и настапот во Лигата на шампионите.
Дербито се игра во Милано, каде Милан со евентуален триумф над Рома ќе се избори за квалификации во ЛШ.
На другите натпревари од 37.коло двојките се: Киево – Торино, Фиорентина – Палермо, Џенова – Интер, Лацио – Сампдорија, Удинезе – Аталанта и Парма – Болоња.
Табела: Јувентус 87 бодови (шампион), Наполи 75, Милан 68, Фиорентина 64, Удинезе 60, Лацио 58, Рома 58,…