Груби го прими косовскиот колега Тахири: Разговаравме за отворање на границите и новиот автопат Скопје-Блаце

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одржа работен состанок со неговиот косовски колега, Првиот вицепремиер Бесник Тахири.

По средбата, Груби рече дека разговарале за „евроатлантскиот напредок на Косово и за европскиот пат на Република
Северна Македонија“. Тој исто така рече дека „нашите најдобри практики ќе направиме да бидат достапни за институциите на Косово.“

„Меѓу нашата држава и Република Косово постои одлично добрососедство, Косово и Северна Македонија немаат отворени прашања, напротив, нашите односи се извонредни и ќе продолжиме да ги негуваме на ист начин. Во врска со пандемијата, разговаравме со вицепремиерот Тахири и мојот став е дека нашите граници треба да се либерализираат, отворат земајќи го предвид примерот на границите меѓу Косово и Албанија кои се отворени и каде што движењето не беше запрено во ниту еден момент а меѓу двете земји, особено за време на туристичката сезона и бројот на ново заразени со КОВИД-19 потенцијални туристи од Албанија во Косово или обратно беше минимален и овој пример треба да ни служи за либерализација на границите, не само со нашиот сосед Косово, туку и со другите соседи,“ рече Груби.

Првиот вицепремиер на Косово Тахири рече дека со Груби разговарал на три теми, кои според него се од големо
значење за Република Косово и за кои добил уверувања дека Владата на Северна Македонија ќе им помогне.

„Прва точка за која разговаравме е процесот на европската интеграција и земањето пример од Секретаријатот за Европски Прашања на Северна Македонија, истите практики да се употребуваат и во Косово. Втората точка има врска со 12 километарскиот пат, односно сегментот Скопје-Блаце што е многу важен за нас бидејќи мислам дека овој пат уште повеќе ќе ги поврзе нашите две држави, помагајќи во движењето на луѓето, но и зголемувајќи ја економската соработка. Третата точка има врска со пандемијата, за мене е нелогично да имаме затворени граници, билатерален
систем за тестирање за влез во нашите држави, додека со Албанија имаме отворена граница. Мислам дека треба да ги разгледуваме сите можности за отворање на границите, нормално, чувајќи го јавното здравје,“ рече Тахири.

Двајцата први вицепремиери се согласија дека двете земји имаат и ќе продолжат да одржуваат добри билатерални односи и дека целта на двете земји е интеграцијата во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина