Трета иницијатива на Националната коалиција за животна средина

Од:

Согласно Стратегијата за реформа на правосудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, имлементиран од Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, во соработка со ЕД Вила Зора од Велес денеска, во просториите на ЕД ВИЛА ЗОРА во Велес, ќе се одржи третата иницијатива на Национална коалиција за животна средина, во која членуваат 32 граѓански организации од целата држава.

Целта на иницијативата е адресирање на проблемите на граѓаните од град Велес за прашањето за пристап до информации за состојбата на загадувањето на воздухот, односно недостигот од мерни станици за квалитетот на воздухот. Ќе се презентира постапката за оцена на уставноста и законитоста на заклучокот за донесување мерки за контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на индустриските капацитети во општина Велес.

Исто така, ќе се промовира бесплатната правна помош како механизам за пристап до еколошка правда, во овој случај право на пристап до информации од животната средина утврдено во Архуската конвенција.

Во тој контекст, ќе се изврши и дисеминација на документите развиени во рамките на горенаведениот проект –„Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики“, „Кратка брошура за добри практики за пристап до правда од областа на животна средина“ и „Водич за користење бесплатна правна помош“.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари