Ни треба лидер за да ни ја „плесне“ вистината во очи

Од:

Не сме во НАТО, ЕУ, не можеме да се пофалиме со функционална демократија, правна држава. Со ваквите перфоманси кои ги имаме како држава не можеме да се надеваме на големи странски инвестиции.

Немањето функционална демократија преведено на обичен јазик, значи политичка нестабилност, постоење политички антагонизам, а тоа пак подразбира судство кое е под притисок на политичките центи, а тоа пак подразбира постоење политичко рекетарство.

Во држави со вакви услови сериозни инвеститори не иневестираат, освен ако ризокот не им е однапред анулиран со државни субвенции, а притоа пак не можеме да зборуваме за инвестиции кои ќе доведат до сериозен напредок на економскиот развој на државата.

Токму затоа, без разлика на напорите што ги прави Владата и ресурсите што се трошат да се донесат странски инвеститори, очекуваните резултати во најголема мера изостануваат.

Досегашните искуства на големи странски инвестиции се во сектори кои гарантаирано носат високи профити за инвеститорите и кои во голема мера и поседуваат монополската позиција, барем во првите години на акулулација на капитал и додеја ја повратат инвестицијата.

Такви се инвестициите во Телеком, мобилната телефонија, ЕСМ, ОКТА, во повеќето рудници…

Од овие инвестиции граѓаните не видоа полза, напротив, плаќаа, и сеуште плаќаат највисоки цени. Плаќаме најскапа телефонија и електрична енергија во Европа. Во рудниците ни гинат рударите.

ОКТА истотака ужива монополска позиција, пред неколку години медиумите објавија дека оваа компанија врши големо загадување во околните населени месета, за што имаше и протести на месното население. Но за кратко сите овие протести за правото на здрава животна средина, беа задушени и тоа со индиректна или директна помош од државните институции, коиво најмала рака го изгубија кредибилитетот за јавноста да им верува.

Истото се однесува и на мерните инструменти во центарот на Скопје кои на чуден начин се расипуваат, односно се надвор од употреба. Новиот градоначалник на општината Центар треба под итно да се погрижи да ги стави во функциија иструментите за мерење на загаденоста на воздухот. Граѓаните имаат право на чиста животна средина кое им е гарантирано со Уставот и законите.

Се бара јунак да ни ја „плесне“ вистината во очи

Државничко однесување, лидерство, визионерство подразбираат храброст да им се соопшти на граѓаните дека развојот на државата бара работа, работа и само работа, и тоа макотрпна работа.

Економскиот развој не подразбира вработување во државната администрација на партиски членови и разноразни потрчковци и климачи на главите, туку отпуштање на таквите кои веќе напикани во државната и јавната администрација и се како камен околу вратот за развојот на државата.

Во најтешките моменти Винстон Черчил на своите сограѓани им „плеснал“ во очи: „Ќе има пот, крв и страдање“, но ќе успееме. Англија беше победник, а Черчил ги изгуби изборите, но затоа стана најголем лидер во историјата на англискито народ.

За жал не можам да ја пронајдам ваква политичка храброст, државничко однесување, лидерство, визионерство кај досегашните политичари, „лидери“ и разноразни „лидерчиња“ на десетиците партии на македонската политичка сцена.

За да се трансформираме во нормална и прогресивна држава ќе мораме допрва да расчистиме со безобразното незнаење, со тотална несериозност, со арогантно користољубие на актуелните политичари кои се борат за власта како на живот или смрт и тоа по цена макар државата да заврши во амбис.

Ни се потребни политичари кои ќе имаат реален пристап кон постоечките можности за економски развој денеска, и што е поважно и по цена да ја изгубат подршката, и да им соопштат на граѓаните „јасно и гласно“ да не очекуваат вработување во државната администрација, туку напротив, дека ќе следат отпуштања, бидејќи таа како што е сега, е товар на економијата и прави големи трошоци и штети поради нејзината гломазност.

Треба да се стави крај на трошоците што ги прават најмалку 50 илјади вработени во државната администрација, кои реално се вишок. На пример, ако за секој поединечно бруто платата месечно изнесува минимум 500 евра, тогаш за нив државата одвојува најмалку 30 милиони евра месечно само за плата.

На овој трошок треба да се стават и трошоците за канцелариите, нивно осветлување, загревање и така натаму.

Подобро за развојот на економијата е да се издвојат 360 милиони евра, колку што изнесува годишната сума за плати, и Владата да им ги подели како отпремнина и помош на вишокот административци за тие да започнат свој приватен бизнис или пак да се изборат на пазарот на работна сила.

Кратењетото на државната администрација неминовно ќе дојде на дневен ред и мора да се реши кога ќе ги започнеме преговорите со ЕУ. Кога на дневен ред ќе стигне прашањето за администрацијата, ќе ни соопштат од Брисел колку треба да брои администрацијата, која аналогно на нашата држава, не би требало да изнесува повеќе од 50 до 60 илјади вработени, и притоа ќе ни дадат рок, и се до исполнувањето на ваквиот услов, нема напредок во правец на интегрирање во ЕУ.

Невработеноста не се решава со вработување на државна сметка

Во функционални демократии со пазарни економии, не може економски успех да биде кога Владата вработува, туку кога таа создава услови за економски развој во приватниот сектор. Во таа насока треба да го бараме економскиот развој во три области.

Прво, развој на модерно земјоделство, за што е важно да се обноват и изградат нови хидросистеми за наводнување на обработливите површини. Посебно ќе нагласам, да се градат нови вредности кај младите генерации за полезноста да се биде фармер, кој ја обработува земјата со најсовремена механизација, одгледува стока на современи начини, и притоа добро заработува и се надградува како човек.

Во Германија, пред скоро секоја фарма, ќе видете до тракторот паркиран мерцедес или пак порше, тоа зборува доволно за полезноста да се биде фармер по занимање.

Потребно е да си ги пронајдиме нашите можности за излез од економската криза и заостанатост, да се создадат основни претпоставки и услови за развој на модерно фармерство, а не да патиме од стереотипи дека одгледувањето овци, крави, кози, производство на земјоделски производи потценувачка економска дејност. Напротив, денеска да се биде фармер, да се биде производител на храна, е профитабилна дејност.

Крајниот резултат треба да биде драстично намалување на увозот на храна за кои се издвојуваат и до половина милијарда евра годишно, за што ние не можеме овој девизен одлив да го супституираме со извоз на автомобили или други технологии кои ниту ги произведуваме ниту пак има надеж дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Токму во оваа половина милијарда евра годишен одлив од нашата држава, се можностите за нови продуктивни вработувања кои ќе пордуцираат вредности-храна за задоволување на потребите на македонскиот пазар и особено за извоз, што ќе резултира со дополнителна економска вредност.

Можеме да си претпоставиме кога две третини од оваа половина милијарда евра годишно би останале во Македонија, кај македонските производители на млеко, месо, зеленчик и други аграрни производи, наместо тие пари да завршат за увоз на производи од Србија, млеко, месо, пченица, брашно…, од Хрватска истотака млеко, од Словенија на пример словенечки пилиња и така натаму. Токму оваа сума на пари ни се на дофат да завршат во џеповите на десетиците илјади невработени лица во државата, но затоа треба труд, знаење, работа, за да се произведат млекото, месото и другите производи кои се во нашите продавници а се увезени од странство

Другата област е развојот на информатичките технологии, што не е тешко да се постигне бидејќи оваа област брзо може да се развие без да се вложуваат огромни инвестиции, а информатички компании во странство имаат голема потреба од „аутсорсинг“ за изведување работи од оваа област.

За овие размислувања да не останат само слово на хартија и изречени празни зборови по плоштадите, туку да бидат реалност, потребно е државна стратегија за овие дејности да станат стратешки гранки и за нивни развој да бидат воведени низа инструменти кои ќе го потикнат и забрзаат нивниот развој, како на пример со ослободување од даноци на младите фармери во период од три години додека се во фазата на инвестиции. Истотото да важи и за новите информатички фирми.

М-р Митко Јованов

Авторот е основач на онлајн магазинот „Револуција

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска