Полицијата ќе им укажува на угостителите за почитување на одлуките за заштита од ширење на „Kовид-19“

Од:

Триесетина угостителски објекти во полошкиот регион деновиве ќе бидат посетени од полициски службеници, кои на сопствениците ќе им укажат на потребата од доследна примена и целосно почитување на владините одлуки кои се однесуваат на заштита од ширење на коронавирусот „Kовид-19“.

Од СВР Тетово информираат дека денеска започна серијата превентивно-информативни средби со угостителите од тетовско-гостиварското подрачје, чиј носител е Отсекот за превенција. Покрај ова, ќе им биде нагласена и неопходноста од задолжително постапување според утврдените протоколи за работа, особено при организирање на забави, прослави и други манифестации.

– На средбите со угостителите каде најчесто се организираат вакви настани, поблиску ќе бидат запознати и со законските импликации, доколку не постапуваат согласно законски предвидените стандарди и критериуми. Ним посебно ќе им биде нагласена одоговрноста доколку во објектите непријавено се организираат сведбени или други семејни свечености со поголем број присутни гости, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој посочи дека превентивните активности ќе продолжат до крајот на овој месец. Целта на оваа активност е потсетување на угостителите како практично да се однесуваат и на што најмногу да обрнат внимание кога станува збор за превенцијата од „Kовид-19“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР