Долгогодишниот брачен советник Ранди Гунтер состави листа на реченици за експресно излегување од кризните ситуации во бракот.
– Тонот на гласот е важен. Можете да кажете што било, но ако го промените тонот на гласот, тоа што сте го кажале може да добие сосем поинакво значење и да испратите погрешна порака, наведува Гунтер.
На неговата листа реченици за совршен брак се:
1. Во тоа сме заедно
Гунтер напоменува дека бракот е полн со предизвици. Ако вашиот сопруг ви каже дека останал без работа имате помалку од пет секунди да му пружите поддршка и да му покажете дека вашиот однос е посилен од сите проблеми.
2. Подобар си во тоа од мене
Односот е во голема предност ако партнерите можат да ги признаат своите недостатоци. Доколку вашиот сопруг е подобар готвач од вас, немоје да му кажувате како да готви. Стојте на страна и заблагодарете се за вкусниот оброк.
3. Лута сум
Луѓето често кажуваат дека не се лути за да избегнат кавга, но тоа само ја продлабочува напнатоста. Искрено и прецизно изразете ги своите чувства за побрзо да ги решите проблематичните ситуации.
4. Те молам, кажи што се случува
Ова е најдобра работа што можете да ја кажете за да ја прекинете кавгата. Со тоа му кажувета на партнерот дека сте присутни, дека го слушате и дека сакате да разговарате со него.
5. Оставиме да се смирам и подобро ќе слушам
Кога во бракот ќе се случат помали или поголеми караници се препорачува да се смират страстите. Тоа е време на мирување што двајцата партнери треба да го искористат за да се насочат кон тоа што го ценат кај другата страна.
6. Благодарам што ме потсетуваш колку ти значат
Доволен е момент да кажете негативни зборови, со кои го повредувате партнерот и го загрозувате својот однос на одреден период. Да му се каже на партнерот нешто убаво е само момент, но нема да ви наштети на вашиот брак.
7. Иако сум лута, јас те сакам
Луѓето кога имаат напад на бес обично се енергични и не се грижат за чувствата на другите. Подготвеноста веднаш да се покаже каење за направената штета може да го спаси вашиот брак.
8. Што да направам за да ти биде подобро
Кога едниот партнер е депресивен или фрустриран поради нешто, другата страна може да го иритира. Немојте да одговарате на нервозните забелешки. Подобро прашајте што да направите за да ја олесните ситуацијата и заеднички да изнајдете решение за проблемот.
9. Бидете искрени
Искреноста е подобро да се разберете еден со друг. Таа ќе ви помогне да ги предвидите и да се подготвите за реакциите кои би можеле да бидат изненадувачки болни ако останат скриени.