Пленковиќ: Ќе продолжиме да ги решаваме отворените прашања со Србија

Од:

Ситуацијата во регионот е динамична, а стабилноста и мирот се најважни за Хрватска, рече денеска од Мостар хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, нагласувајќи дека ќе продолжи да ги решава сите отворени прашања што се на маса со Србија.

Пленковиќ ова го кажа во коментар на ситуацијата во регионот, особено по парламентарните избори во Црна Гора и договорот во Вашингтон потпишан од Белград и Приштина.

-Ние се залагаме за стабилност во сите соседни земји и тоа е пораката број еден. Дијалогот меѓу Србија и Косово има два крака, едниот е во Вашингтон, а вториот е во Брисел и таму гледаме напредок, рече Пленковиќ на прес конференцијата по разговорите со Драган Човиќ, лидерот на ХДЗ во БиХ.

Хрватскиот премиер посочи дека за неговата земја е важно да се намалат тензиите, да се нормализираат трговските текови и да се овозможи слободно движење на луѓето.

Тој додаде дека Хрватска се грижи за Хрватите во Србија и Црна Гора и дека ќе продолжи да решава голем број прашања со Србија што се на дневен ред, соопшти Срна.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ