Претпоследното 33. коло во германската Бундес лига закажано за денеска од 15 часот и 30 минути може да разреши многу дилеми околу конечниот изглед на табелата.
Во трка за 4.место кое носи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите, покрај Шалке во конкуренција се и екипите на Анјтрахт и Фрајбург.
Од друга страна, Фрајбург е под притисок од тимовите на Хамбургер и Борусија Менхенгладбах, кои сеуште гледаат шанса за местото кое обезбедува учество во Лига Европа.
Во долниот дел од табелата. Покрај веќе отпишаниот Гројтер Фурт, неизвесно е кој ќе ја напушти лигата, а кој ќе игра во плеј-офот за опстанок.
Тимовите на Вердер, Фортуна, Аугсбург и Хофенхајм, за опстанок во елитното друштво ќе мора да се изборат во последните две кола.
Двојките за 33.коло се: Баерн Минхен – Аугсбург, Шалке – Штутгарт,
Баер Леверкузен – Хановер, Волфсбург – Борусија Дортмунд, Вердер – Ајнтрахт, Хофенхајм – Хамбургер, Мајнц – Борусија Менхенгладбах, Гројтер Фурт – Фрајбург и Фортуна – Нирнберг.
Табела: Баерн Минхен 85 бодови, Борусија Дортмунд 65, Баер Леверкузен 59, Шалке 52, Ајнтрахт 49, Фрајбург 48, Хамбургер 45, Борусија Менхенгладбах 44,…….Вердер 33, Фортуна 30, Аугсбург 30, Хофенхајм 28 и Гројтер Фурт 21.