Фудбалерот за врска, Сандро Тонали ги сподели своите емоции по трансферот во италијанскиот и европски великан Милан.
– Ова се силни, прекрасни чувства. Пресреќен сум, играњето во дресот на Милан беше мојот сон. Сè уште не сум го носел, но тоа ќе се случи многу скоро. Со нетрпение го чекам тој момент, ги цитира зборовите на Тонали, „Скај спорт Италија“.
Минатата сезона Тонали одигра 34 натпревари за Бреша, постигна еден гол и направи седум асистенции. Тој има три средби за репрезентацијата на Италија.