Онлајн-дискусија за искуствата на уметниците во услови на пандемија

Од:

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ вечер од 20 часот ќе организира онлајн-дискусија на тема: „Обична криза, системска криза и иднината на знаењето во контекст на КОВИД-19 пандемијата и нејзините последици” како дел од програмата на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”.

Дискусијата е обид да се истражат искуствата во периодот на криза, особено кај уметниците, изведувачите, кореографите, танчарите, кураторите и какви критички форми на знаење, стратегии и политики на курирање овие искуства може да генерираат.

– Какви типови на инволвираност се рефигурираат помеѓу новите медиуми, социјалните медиуми, онлајн-платформите, онлајн-комуникација и настава, од една страна, и димензијата на телесна интеракција, лице в лице во живо, како конститут на изведбените пракси и уметност, од друга страна, наведува „Локомотива“ во најавата за дискусијата.

Учесници ќе бидат Рок Вевар и Јасмина Заложник од Словенија, Јасна Јасна Жмак од Хрватска, Маријана Цветковиќ од Србија, а модератори – Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо
Димитров.

Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик и ќе може да се следи во живо на фејсбук-страницата на Меѓународната летна школа „Курирање во контекст”, која се реализира од 25 август до 15 септември.

Би можело да ве интересира

Четврто издание на меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ во Струга

Се запали локомотива во Гевгелија

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Железници слават: Поправена локомотива која била пет години надвор од функција, заштедени 500.000 евра

A1on

Кражба или саботажа: Арамии украле кабел од влечен мотор од локомотива

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска