Македонија против Ерменија во Скопје го започнува походот во Лигата на нациите

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 15:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ги измери силите со Еременија во првиот дуел од новото издание на Лигата на нациите.

На официјалната прес – конференција пред натпреварот, селекторот на нашата Игор Ангеловски изјави дека тимот има квалитети и дека ќе бидеме опасен противник за сите и дека целта е пласман на Европското првенство.

– Имав можност да видам каква е формата на моите фудбалери и добив слика како треба да изгледа тимот кој ќе ни донесе посакувани резултати. Се обидов да го анализирам системот кој го користи ерменскиот селектор. Мислам дека имаме квалитети да бидеме екипата која ќе се прашува за многу работи на мечот. Сакам да доминираме и да ја контролираме играта. Одиме од натпревар во натпревар за да ја оствариме целта и да се пласираме на Европското првенство, изјави Ангеловски.

Репрезентативецот Стефан Ристовски соопшти дека распоредот е густ, но нема многу причини да се бара алиби за лош резултат.

Досега „жолто-црвените“ одиграле осум натпревари против Ерменија, селекцијата која попладнево ја дочекуваме. На тие осум мечеви имаме идентичен скор или биланс, и тоа по три победи и две ремија. Ерменците имаат подобра гол разлика 13:15.

– Што е тука е. Нè чека нов циклус во Лигата на нации кој ќе се одигра во посебни услови предизвикани од коронавирусот. Сите се сеќаваме на последниот пораз во Ереван и тоа ни е мотивација да одиграме подобро на овој натпревар на домашен терен. Недостатокот на публика ќе биде проблем, но досега се навикнавме да играме во новите услови, истакна Стефан Ристовски.

Денес нема да настапи Иван Тричковски бидејќи не го издржа последниот тренинг. Од таборот се надеваат дека за следниот дуел со Грузија ќе биде подготвен. Покрај него, втората сезона од Лигата на нациите ќе ја започнеме без првиот голман, Столе Димитриевски, чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано, кој е позитивен на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска