ВИДЕО: Ќесиња марихуана паѓаа од небото во Тел Авив

Од:

Луѓето кои вчера се најдоа на плоштадот Рабин во Тел Авив, Израел, беа сведоци на дрон кој леташе над нив и „ги гаѓаше“ со ќесички полни канабис.

На видео објавено на Телеграм, еден минувач зема две пакетчиња и вели: „Ова е навистина канабис? Чудно… Ќе провериме”. Групата „Зелен дрон“ се залага за легализација на марихуаната. Името на групата и слоганот „Бесплатна љубов“ се напишани на секое пакетче.

Полицијата, сепак, предупреди дека ќесичките можеа да завршат во рацете на деца, бидејќи неколку од нив паднаа на детските игралишта.

Во 2018 година, Израел го декриминализира канабисот со закон со кој е дозволено три пати едно лице да биде фатено со количина за лична употреба. Но, ако некого фатат по четврти пат, се отвора кривична постапка.

Би можело да ве интересира

На Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ