Чилеански тим регистрираше веројатни знаци на живот под урнатините во Бејрут

Од:

Чилеанските спасувачки екипи во Бејрут бараат знаци на живот под урнатините откако машина откри звуци, пренесува Си Ен Ен.

Се уште трае потрагата по експлозијата на пристаништето Бејрут на 4 август, во која загинаа најмалку 180 лица, беа повредени околу 6.000, а околу 300.000останаа без покрив над главата.

Спасувачките екипи во Бејрут вчера детектираа движење под урнатините во областа Мар Михаел, 30 дена откако експлозијата го потресе градот.

Тимот побара од жителите да бидат тивки на местото на настанот за да го утврдат изворот на движењето.

Ова се случи откако куче за спасување од чилеански спасувачки тим даде знак дека некое лице сè уште може да биде живо под урнатините.

Термичките слики покажуваат две тела; мало тело збиено до поголемо тело и циклус на дишење од 18 вдишувања во минута е снимен на уредот, изјави за Си ен ен Еди Битар, локален невладин работник кој работи со чилеанскиот тим.

– Тоа се 18 вдишувања во минута. Мали се шансите човекот да е сè уште жив, рече Битар. Куче трагач од чилеанскиот тим реагирало на местото на настанот додека тие поминале покрај зградата, поттикнувајќи го претресот, рече тој.

Франциско Лерманда од чилеанската невладина организација за потрага и спасување „Топос Чиле“ во Бејрут изјави дека спасувачкиот тим копа тунели за да пристапи до местото каде би можело да биде тело или преживеан.

Лерманда рече дека копаат три тунели, од една страна, од горниот и задниот дел, за да се обидат да добијат пристап до локацијата. Растојанието од врвот е 2,4 метри и 1,8 метри од страната, изјави тој за Си Ен Ен.

Тој рече дека откако ископале еден метар, кучето Флеч, кое ги предупредило спасувачките екипи за остатоците, повторно ги предупредило екипите. Лерманда рече дека иако тоа не мора да значи дека некое лице е живо под урнатините, тие ќе се однесуваат со таква претпоставка се додека тоа евентуално се покаже неточно.

Лерманда додаде дека бетонот е здрав, а материјалот е толку дебел што е многу прецизна задача и оти тие не можат да користат никакви машини за да не го ризикуваат животот на евентуален преживеан.

Тој рече дека не знае колку време ќе им треба за да стигнат до местото, но тие нема да застанат додека не стигнат таму.

Лерманда додаде дека најдолго што видел некој да прежиее под урнатини е човек на Хаити, кој бил пронајден по 28 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција