Саксoфонистот Трајаноски ќе одржи концерт во Куманово

Од:

Утревечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, концерт ќе одржи саксoфонистот Иван Трајаноски, со пијано придружба на Билјана Петровска.

Трајаноски е прогласен за лауреат на многу домашни и меѓународни натпревари. Настапувал во Србија, Словенија и Црна Гора и како солист со Македонската филхармонија.

На програмата се дела на Нода, Итуралде, Ѓумар, Дебиси и Мучински.

Трајаноски основно музичко образование и саксoфонот од 10-годишна возраст започнува да ги изучува во Државниот музички и балетски училишен центар “Илија Николовски –Луј”.

Своето музичко образование го продолжи во истото училиште и во моментов е ученик во четврта година.

Концертот започнува во 19:30 часот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра