Кнежевиќ: Црна Гора не може да излезе од НАТО, но треба да развива добри односи со Србија и Русија

Од:

Претставникот на црногорската опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ), Милан Кнежевиќ, изјави дека на Црна Гора ѝ е потребно да развива добри односи со Србија и Руската Федерација бидејќи како што кажа тој, без соработка во регионот и соработка со историските, традиционалните и економските сојузници, државата нема да има напредок во иднина.

Според него, излез на Црна Гора од НАТО не е возможен, пренесе Вијести.

Кнежевиќ од новата Влада очекува да придонесе за економско заздравување на државата, да изгради независни правосудни институции и да стори се за забрзување на европските интеграции на Црна Гора.

Тој објасни дека партиите како Нова српска демократија и Демократска народна партија во своите програми јасно се заложиле граѓаните слободно, на референдум да се изјаснат дали сакаат нивната државата да стане членка на НАТО или не.

Кнежевиќ рече и дека со оглед на договорите што биле потпишани за влез на државата во алијансата, не постои можност за излез на Црна Гора од НАТО. Тој додаде дека опозицијата ќе ја почитува таквата геостратешка определба на земјата, иако дел од партиите биле против членството и сакале народот да се изјасни на референдум.

„Ние сметаме дека треба да развиваме најдобри можни односи и со Србија и Русија, бидејќи без соработка во регионот како и со нашите историски, традиционални и економски сојузници, вклучително и со Русија, не можеме да имаме напредок во наредниот период“, истакна Кнежевиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски