ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава за дивоградбата кај Мавровка е обичен популизам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на веста дека МВР поднело кривична пријава против едно лице за изградбата на дивоградбата кај Мавровка, нарекувајќи го потегот „чист популизам“.

Еве ја реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во целост:

„Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта. Објектот кај Мавровка е изграден во време на Влада на СДСМ. Значи дека немало институција која реагирала и дека нема систем.

Рушењето на таков објект кој самите дозволија да се изгради сега ќе се плата од џебот на граѓаните.

Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство.

Дивоградбата кај Мавровка е изграденa во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви.

Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот.

Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради.

Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка?

Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време?

Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?“

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата