ВИДЕО: СДСМ ќе бира нов лидер со гласање на сите членови

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека во април ќе се гласа за нов претседател на СДСМ, на отворени и непосредни избори, каде сите членови на партијата ќе може да гласаат.

Изјави на Заев и Димовски

Posted by MИА.mk on Вторник, 01 септември 2020

„Во рамките на отчетниот конгрес кој ќе го имаме кон крајот на септември или почетокот на октомври, статутот ќе биде променет за да може и генерален секретар да учествува во извршата власт. И да најавам, втората промена ќе биде тоа што СДСМ ќе воведе непосредни избори за избор на својот претседател. Некаде во април месец, сите членови на СДСМ ќе гласаат на непосредни избори за избор на претседател“, рече Заев на денешната прес конференција.

Тој објасни дека Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ не презеде одговорност за министерство со ресор, туку координативна функција, потпретседател што ги координира ресорите во извршната власт.

„Неговиот мандат во партијата, како и мојот е до мај месец 2021 година, кога истекуваат четирите години“, рече Заев.

Според досегашниот Статут на СДСМ, лидерот на партијата го избираше Конгресот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски