Три лица загинаа, а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и туристичкиот центар Дубаи, соопшти денеска полицијата, која наведува дека експлозиите се поврзани со гас и дека нема назнаки дека се работи за терористички напади.
Владата на Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата во тој град, која според весникот Нешнл се случила во рестораните КФЦ и Хардис на улицата „Рашид бин Саид“. Улицата е главната рута до аеродромот, каде слетаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, кои пристигнаа со комерцијален лет од Израел, воспоставен со договорот за нормализирање на односите меѓу ОАЕ и еврејската држава.
Полицијата соопшти дека неколку лица се полесно повредени во инцидентот, а жителите на околните згради биле евакуирани.
Во соопштението од владината канцеларија се вели дека причината за експлозијата е „лошо поврзан контејнер за гас по полнењето“.
Едно лице загина во Дубаи кога експлодирал канистер за гас во еден ресторан.