(ВИДЕО) Мицкоски: Со протести ќе ја урнеме владата на Заев и мафијата од „хотелската коалиција“

Од:

Предвидувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е дека Владата на СДСМ ја чека жестока критика од народот и ќе падне на организирани граѓански протести.

„Ова денес е почетокот на крајот на СДСМ. Оваа Влада нема иднина и ќе падне на граѓански протести“, рече Мицкоски.

Тој на денешната прес конференција зборуваше за постоење на пакт меѓу криминалот и политиката кој го нарече „хотелска коалиција“.

„Ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев. Сите оние кои станаа најдобри другари на Зоран Заев, не е затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби“, рече Мицкоски.

Тој ги обвини дека седат во скутот на Заев и дека патат од „Стокхолмски синдром“.

Мицкоски коалицијата на СДСМ и ДУИ ја нарече „мафијашка“, а новата Влада полна со „стари и истрошени кадри“.

Во своето денешно излагање, Мицкоски се осврна на старите ветувања од минатиот мандат на Владата на СДСМ.

Тој наброја неколку ветувања, кои според него не се исполнети, а ги обвини СДСМ за лицемерие кога велат дека ќе ја урнат дивоградбата кај Мавровка, која е изградена за време на нивно владеење.

Според него, Македонија оваа есен ја чека сиромаштија и посериозна здравствена криза.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник