Два негативни извештаи за состојбата со човековите права во Република Македонија во рок од две недели (Извештајот на Комесарот за човекови права на Советот на Европа и Извештајот на САД) и крајно недипломатска по својата острина изјава на еден изнервиран политичар (Кацин за Македонија).
Во двата извештаи се зборува за владеење на неправо, за злоупотреба на лустрацијата, за неслободата на медиумите, за неказнивоста на воените злосторства, за отсуството на вистинска заштита на човековите права, а во изјавата на Кацин за неверојатното назадување во евро-интеграциските процеси.
И, после овие два извештаи и вакви изјави, без око да им трепне владините мегафони ни соопштуваат дека всушност се е добро освен соросоидите кои треба под итно да ја напуштат државата или да бидат елиминирани (http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=905703188830B04BBB08AC115A9CC814, http://www.facebook.com/pages/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE-%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/387874901229539, ), министрите повикуваат на линч на неистомислениците (http://www.time.mk/cluster/1641f0f9f7/gordana-im-se-zakani-na-neistomislenicite.html), а премиерот Груевски ни соопштува дека Македонија напредува.
Зар навистина мојот народ е толку неук, или толку заслепен за да не може да види каде се движиме и што ни се случува?
Мирјана Најчевска