Летото 1997 година се помни по трагичната загуба на принцезата Дијана Спенсер. Ноќта на 31 август светот дозна за предвремената смрт на „принцезата на народот“, како што ја нарекуваа. Имаше 36 години.
Автомобилската несреќа на мостот „Алма“ во Париз, во којашто погина и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед, сѐ уште е обвиткана од мистерии и теории на заговор. Но, и 23 години подоцна, паметта за неа сѐ уште е жива, особено во кажувањата на нејзините два сина – британските принцови Вилијам и Хари.
Врската меѓу браќата не е во своите најдобри мигови, како што вели Хари, но тие ги занемарија своите несогласувања и одлучија да ѝ оддадат почит на мајка сѝ. По повод таа роденден на 1 јули следната 2021 година, кога Лејди Ди би наполнила 60 години, тие ќе откријат статуа.
Таа ќе биде поставена пред дворецот Кенсингтон, каде што принцот Хари и Меган Маркл јавно ја објавија својата свршувачка.
Во 2017 година беше снимен и документарен филм со наслов „Дијана, нашата мајка: живот и наследство“.
„Направете добро, не очекувајќи ништо за возврат, оти еден ден некој може да го стори и за вас” – гласи една од најпознатите изјави на принцезата Дијана. Вилијам и Хари не еднаш нагласиле дека и за нив, тоа е една од најинспиративните крилатици – спомен од нивната мајка.