ВИДЕО: Откриена статуата на Дијана

Од:

Британските принцови Вилијам и Хари зaeднo ја открија статуата на покојната принцеза Дијана и по тој повод изјавија дека секој ден мислат на мајка им која го сменила светот на подобро.

Свеченоста на откривањето на статуата се одржа во реновираната градина на палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дијана. Настанот го означи првото заедничко појавување на браќата по погребот на нивниот дедо – принцот Филип, што се одржа на 17 април годинава. Градината на Кенсингтон беше едно од омилените места на принцезата Дијана.

„Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер. Овие квалитети ја направија извор на добрина за целиот свет. Таа успеа да промени голем број животи на подобро“, се вели во изјавата на синовите на Дијана.

Тие велат дека се надеваат дека статуата „засекогаш ќе остане симбол на нејзиниот живот и наследство“. Мал број гости присуствуваа на откривањето на статуата, а меѓу нив беше и братот на Дијана, Чарлс Спенсер.

Инаку, Хари неколкупати истакнуваше дека е во сложени односи со неговиот брат, но и оти, покрај тоа, тој е најблиската личност во неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Протекоа детали: Реакцијата на кралот Чарлс за раѓањето на Хари го означи крајот на бракот со Дијана

Предраг Петровиќ

Зошто принцезата Дијана заврши во затвор: Сара Фергусон ја откри вистината по 37 години

Предраг Петровиќ

Братот на принцезата Дијана проговори за серијата „Круна“

Ана Ололовска

Лејди Дијана загина пред точно 23 години

Ана Ололовска

Првата дама на САД ја копира Леди Ди, случајност или моден трик

Татјана Ташкова

Камила го носи накитот на принцезата Дијана

Ана Ололовска