(ВИДЕО) Заев кон Јанушев: Вие сте Дормео опозиција, ги преспавте сите крупни одлуки за државата

Од:

Веројатно е тешка помислата дека уште четири години треба да бидете опозиција, посочи претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Сите крупни одлуки, сите важни прашања ги преспавте, немавте став, немавте храброст кога требаше без разлика на политичка партија и кариера да се носат одлуки за перспективата на државата, немавте храброст ниту како власт, ниту како опозиција, рече Заев.

Во обраќањето, Заев нагласи дека доаѓа време како членка на НАТО, со добиена одлука за почеток на преговори, низ поглавјата и преговорите, да се отворат сериозни економски перспективи за сите граѓани.

– Денес сме 30 земја членка на НАТО, има одлука за почеток на преговорите, на таа одлука 15 години чекавме. Невработеноста ја намаливме од 24,5 на 16,2 отсто. За 5.500 денари се покачени просечните плати, посочи Заев додавајќи дека сето тоа заслуга конкретно на Владата предводена од СДСМ за само три години.

Претседателот Заев на крајот им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го променат односот, да бидат конструктивна опозиција, да престанат со заканите, затоа што со такви закани изгубија на изборите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет