29 загинати во уривањето на ресторанот во Кина

Од:

Кинеските власти потврдија дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера, кога се урна двокатен ресторан за време на роденденската прослава.

Во несреќата загинаа 29 лица, а повредени се 28 луѓе, од кои седуммина се во критична состојба, соопштија властите.

Несреќата се случи вчера претпладне кога двокатен ресторан во село на северот на Кина се урнал за време на прославата на 80-от роденден на еден од неговите жители.

Селото каде што се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Локалните власти не соопштија која е причината за несреќата.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија