Официјални лица од италијанскиот фудбалски клуб Интер најавија дека очекуваат триесет и двегодишниот камерунски стрелец, Самуел Ето летово да го вратат на својот стадионот Сан Сиро.
Пред две години овој фудбалски ас го напушти милански Интер со кој освои три титули ( Серија А, Италијанскиот куп, Лигата на шампиони), во истата сезона, по што замина во Русија, во екипата на Анжи.
Богатиот тим Анжи Махачкала не штедеше на камерунскиот напаѓач и му обезбеди приход од дури 20 милиони евра од сезона.
Ето добро се снајде во новиот клуб, кој е на самиот врв на руската Премиер лига и во 45 настапи постигна 22 погодоци. Договорот со Анжи му истекува во јуни 2014 година.
Со оглед на тоа што Интер не е во финансиска добра состојба се наметнува прашањето како ќе успее да го врати назад фудбалскиот ас, кој очигледно научи да живее со висока плата и какви се желбите на сегашниот клуб на Ето.
Елена Георгиевска