Вардар со многу драма и многу среќа до полуфиналето на СЕХА

Од:

Актуелниот македонски и европски шампион Вардар ќе игра во полуфиналето на регионалната ракометна СЕХА лига. „Црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од хрватски Нексе со 25:26 во реваншот од четвртфиналето, но поради победа на гости со 31:30 одат во следната фаза.

Двете екипи имаа максимално водство со три голови разлика. Вардар во 22. минута со 11:8, а Нексе на пет минути пред крајот водеше со 23:20 кога се чинеше дека севкупниот победник е решен.

Сепак Вардар не се предаде и најмногу по заслуга на полскиот интернационалец Валчак стигна до „поволен“ пораз.

Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најефикасни во домашниот тим, голманот Борко Ристовски забележа 10 одбрани.

Кај гостите, воедно и на натпреварот најефикасен беше Халил Јагањац со осум гола, Морено Цар на голот стигна до 10 одбрани.

Завршниот турнир ќе се игра во Задар од 4 до 6 септември. Покрај Вардар учество на „фајнал фор“ досега изборија уште и ППД Загреб и Мешков Брест.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски