Ѓоковиќ го освои Синсинати и го изедначи рекордот на Надал

Од:

Во финалето на Синсинати, Новак Ѓоковиќ го совлада Милош Раониќ со 2-1, иако Канаѓанецот го доби првиот сет со убедливи 6:1.

Српскиот тенисер сепак го крена нивото на играта и ги доби следните два сета со 6:3, 6:4. Ова беше 11 победа над Раониќ, а со овој успех Ѓоковиќ ги освои сите Мастерси по два пати.

Новак Ѓоковиќ со оваа победа ја освои 35 Мастерс титула со што се изедначи со Рафаел Надал на вечната листа. Претходно, Ѓоковиќ беше првиот играч кој ги освои сите девет Мастерси, сега тој е единствениот што ги освои сите Мастерс двапати.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 4,2 милиони долари. За ѓоковиќ ова е и 80 титула во кариерата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај