Развојната банка повлече уште пет милиони евра за евтини кредити за домашните компании

Од:

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје денеска повлече уште 5 милиони евра за евтини кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 30,6 милиони евра од вкупно 50,9 милиони евра предвидени како евтини кредити за домашните компании.

Шестата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка, е одобрена за нови 8 проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно на 113 домашни компании преку шест комерцијални банки им се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6 отсто. Овие 113 домашни компании ќе поддржат вработување на вкупно 222 лица.

Најголем дел од овие средства, 35 отсто или 10,7 милиони евра, се наведува во соопштението на банката, се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 6,9 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 13 отсто или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 3,5 милиони евра или 11 отсто, за секторот услуги се одобрени 2,6 милиони евра или 9 отсто, додека за секторот здравство се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 8 отсто.

На почетокот на септември ќе биде повлечена и последната, седма транша од ЕИБ кредитната линија во износ од околу 20 милиони евра.

Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени шест транши во вкупен износ од 79,7 милиони евра, со кои се поддржани 259 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 706 лица.

Би можело да ве интересира

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

A1on