Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Mун денеска остро го осуди киднапирањето на четворица мировници на ОН кои ја чуваат линијата на прекин на огнот меѓу Сирија и Гологанската висорамнина и повика на нивно итно пуштање на слобода, соопшти неговиот портпарол.
Генералниот секретар на ОН, како што изјави неговиот портпарол, ги повикува сите страни да ја почитуваат слобода на движење и безбедност на мировниците на ОН.
Сириската бунтовничка Бригада на мачениците Јармик објави порано денеска дека држи четворица Филипинци, припадници на мировните сили.