Над 1200 тестови се направени во Дебар од почетокот на пандемијата

Од:

Во општина Дебар, која беше прво жариште на Ковид-19 во земјава, заедно со соседната општина Центар Жупа, од крајот на февруари до сега се направени повеќе од 1200 тестови на сомнителни случаи, изјави епидемиологот Ментор Меља.

Тоа значи дека во шестмесечниот период дневно се правеле најмалку седум тестирања. Меља додаде дека над 500 од сите тестови се направени во втората фаза од болеста – 5 јуни.

-Од досега направените тестирања, заклучно со вчерашниот ден, позитивни на вирусот биле 242 лица, од кои 191 во втората фаза. Она што посебно сакам да го нагласам е фактот дека споредено со првата, во втората фаза и старосната гарница на заразените е пониска, бидејќи меѓу заразените имаше лица на возраст од 20 до 35 години, како и три бебиња од три, шест и дванаесет месеци, рече Меља, кој е раководител на дебарската Работна единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа.

Друга негативна карактеристика во втората фаза, рече Меља, е тоа што заразени има речиси од сите населени места. Споредено со првата фаза, кога од 51 заразен само двајца беа од селото Баланци во општина Центар Жупа, а сите останати од градот Дебар, во втората фаза коронавирусот е присутен и во селските населени места во двете општини.

– Кога се врати болеста повторно, првиот случај потврден на 5 јуни беше во селото Долно Косоврасти. Сега го има и во Броштица, Папрадник, Могорче, Џепиште. Деновиве регистрани се и првите случаи на заразени во неколку села во областа Горна Жупа, каде досега немаше ниту еден случај, посочи Меља.

Како единствен епидемилог, кој неуморно и максимално е ангажиран во изминатите шест месеци, не го крие разочарувањето од своите сограѓани во однос на непочитувањето на мерките, од што последица е и ширењето на болеста.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава