Воздушна и поморска вежба на Кипар, Грција, Франција и Италија во Источниот Медитеран

Од:

Во рамките на иницијативата за квадрилатерална соработка, Кипар, Грција, Франција и Италија се договориле за заедничко присуство во Источниот Медитеран, а прва активност е вежбата „ЕУНОМИЈА“, која од денеска до 28 август ќе се одржи во морскиот дел јужно од Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната вежба предвидува учество на воздушни и поморски средства од четирите земји.

Од Министерството за одбрана на Грција, во однос на иницијативата соопштуваат дека европските држави решиле да го зајакнат нивното поморско и воздушно присуство во Источниот Медитеран со цел „да се зајакне безбедноста и стабилноста во поширокиот регион“.

-Квадрилатералната иницијатива ќе придонесе за постигнување на засилено колективно поморско и воздушно воено присуство во регионот, што ќе се темели на меѓусебно разбирање, дијалог и соработка. Дипломатскиот пат мора да остане привилегиран начин за решавање на прашањата, како на билатерално, така и на европско ниво, имајќи предвид дека само дијалогот може да доведе до деескалација на тензиите во регионот, соопштуваат од Министерството за одбрана на Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски