Времето во вторник во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје и околината претпладне облачно, а попладне нестабилно со дожд и грмежи и највисока дневна температура од 26 степени.