Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва наскоро ќе го смени клубот. Бразилецот реши да ја продолжи кариерата во Премиер лигата и тој ќе потпише двегодишен договор со Челзи, пренесуваат британските медиуми.
Соработката е веќе договорена, остануваат само ситни детали, според извештатите од Островот. Денеска Силва требаше да разговара со тренерот на „сините“ Френк Лампард.
Претходно во италијанските медиуми беше објавено дека Силва се согласил на договор со Фиорентина.