Дупките на патот кон Средно Водно означени со спреј како кратери

Од:

Активисти со жолт спреј ги обележаа дупките во асфалтот на патот кон Средно Водно.

Граѓаните преку Твитер побараа од Град Скопје да се погрижи за асфалтирањето на дупките кои велат дека изгледаат како вулкански кратери.

Дупките во асфалтот на патот кон Средно Водно утрово осамнаа внимателно исцртани со жолта боја во знак на протест за нивно санирање.

Од Град Скопје веднаш одговорија дека патот од Средно Водно до Горно Нерези е регионален пат и не е во нивна надлежност.

„За истиот треба да се грижи јавното претпријатие за државни патишта. Што е до нас, ќе алармираме за ова до надлежната институција“, велат од Град Скопје.

Тие појаснуваат дека паркингот на Средно Водно е во надлежност на градот и средствата од наплатата на тој паркинг се наменети за зазеленување на Водно.

„Тоа не го менува фактот дека патот е регионален и за него е одговорна друга институција што е токму за тоа, одржување на регионални патишта“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“