Бакајоко близу до враќање во Милан

Од:

Милан се приближува кон обезбедување нов заем за играчот од средниот ред на Челси, Тиемуе Бакајоко, објавија Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.

По долги преговори меѓу двата клуба поради категоричната позиција на тимот од Лондон да го продаваат играчот трајно, во последните часови ситуацијата се смени. „Сините“ сега се подготвени да ја задоволат желбата на „росонерите“ за отстапување со опција за купување, а целата операција ќе изнесува 30-32 милиони евра.

За Бакајоко, преселбата во Милан е приоритет, и покрај интересот за него од англиските тимови. Тој чека трпеливо и нема да биде проблем да ги договори неговите лични услови. Французинот веќе помина едногодишен заем кај гигантите од Милано во сезоната 2018/19 година, кога одигра 31 натпревар.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска