ВМРО – ДПМНЕ со втор повик до Жерновски

Од:

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ со втор повик до градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да каже кој му нудел мито.

„Поминува втор ден, а Жерновски сеуште не се охрабри да ги пријави или јавно да ги соопшти фирмите и лицата кои наводно му давале бизнис понуди, што преставува случај на корупција и нудење на мито“, повикуваат и денеска од Центарот за комуникација на ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара уште еднаш Андреј Жерновски да излезе и јавно да ги обелодени случаите на коруптивни понуди кои директно или индиректно пристигале до него.

Владеачката партија инсистира Жерновски да ги каже имињата на фирмите или луѓето кои до него или до неговите блиски соработници доставувале бизнис понуди во вид на мито и корупција.

Според нив доколку тој се уште молчи за случајот со наводните на бизнис зделки кои му ги нуди, како што самиот рече, урбаната мафија, тоа значи дека или ги прикрива или лаже.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ