Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Од:

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски јавно ги поддржа производителите на јаболкa за нивното барање за одредување минимална продажна цена на преспанското јаболко.

На средбата со претставници на земјоделските задруги, и со претставникот на работната група на јаболкопроизводители која доцна попладнево се одржа во Ресен, градоначалникот Гошаревски беше информиран и за сите актуелности и проблеми со кои се соочуваат јаболкопроизводителите.

– Како градоначалник, давам целосна поддршка на ставот околу минимална продажна цена на јаболкото, договорена од страна на задругите на јаболкопроизводители. Заеднички го констатиравме успехот што беше постигнат оваа сезона во заштитата од град, со авионско „засејување“ врз облаците. Разговаравме околу предизвиците со кои се соочуваат пред почетокот на годишната берба, како и насоки на делување на Општината и институциите во интерес на овоштарите, изјави Гошаревски по средбата со производителите на јаболка во Ресен.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска