Во Делчевско се одбележува Ѓурѓовден

Од:

Со црковна богослужба, заеднички ручек (ѓурѓовденски курбан) и општонародна веселба денеска верниците од Делчевско го прославуваат празникот посветен на Великомаченикот Св. Ѓорги – Ѓурѓовден.

Традиционално, секоја година  кај месноста Ѓурѓов Даб во атарот на  селото Вирче се одржува голем црковно-народен собор во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“.

Според вековната традиција сточарите на манастирот му подаруваат јагниња од кои се подготвува курбанот (ручекот) и им се дели на собраните за здравје.

По завршувањето на собирот следува ѓурѓовденската визита со посета на домовите на оние што го носат името Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓуро, Ѓоко, Гошо, при што домаќините ги почестуваат гостите со ракија и домашни специјалитети.

Организаторите на соборот денеска очекуваат масовна посета, бидејќи Ѓурѓовден се поклопува со вториот ден од Велигден.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска