Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
На места ќе има засилен ветер, особено во западните и северните делови од земјава. Ќе има услови и за појава на невреме со град.
Температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.