ВИДЕО: Потоп во Кина – паркинг „проголта“ 20 автомобили, петмина исчезнаа во свлечиште

Од:

Пет лица се сметаат за исчезнати во кинеската провинцијата Јунан откако свлечиште уништи две куќи, по катастрофалните поплави во регионот, јавуваат кинеските медиуми.

Обилните сезонски дождови и тајфуни предизвикаа вистински потоп во делови од провинцијата и лизгање на земјиштето на повеќе локации. Во провинцијата Сичуан, 21 паркирано возило паднаа во дупка, откако паркингот потонал во масивна дупка во текот на ноќта. Никој не е повреден.

Тајфунот Хигос, кој прво го погоди Хонг Конг, во текот на ноќта стигна до провинцијата Гуангдонг, со налети на ветрот од 126 километри на час, објави кинескиот метеоролошки центар.

Тајфунот премина во тропска бура откако продолжи да се движи кон соседниот регион Гуангџи, каде што беа евакуирани повеќе од 65.000 луѓе, училиштата беа затворени, а бројни рибарски чамци беа вратени на пристаништата.

Налетите на ветрот соборуваа дрвја, што предизвика прекин на електричните водови, а најголема поплава ја погоди провинцијата Сичуан.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија