Градските власти на Сеул бараат отштета од црква-жариште на Ковид-19

Од:

Властите во јужнокорејската престолнина Сеул бараат компензација од тамошната црква што неодамна стана епицентар на коронавирусот.

Според Си-Ен-Ен, стотици луѓе поврзани со црквата досега се позитивни на Ковид-19, а в.д. градоначалникот Сео Џеjонг-Хјуп изјави дека се разгледува правната основа за покренување граѓанска тужба против црквата и нејзиниот старешина Џан Кванг-Хун

Заменик градоначалникот додаде дека Џан и неговата црква ги трошеле буџетските средства и административните ресурси на градот и ги отежнувале напорите да се најдат контакти за лицата заразени со коронавирусот со „избегнување, невистини и одбивање да се придржуваат кон прописите за време на тестирањето и епидемиолошките истраги“.

Адвокатите на црквата ги негираа обвинувањата, најавувајќи тужба за клевета.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски