Шенџен целосно покриен со 5-Г мрежа

Од:

Градот Шенџен во јужна Кина е првиот во земјата што е целосно покриен со независно 5-Г вмрежување, изјави градоначалникот Чен Жугуи.

Според него, градот ја завршил својата зацртана цел од 2019 година, а тоа е изградба на 45.000 базни станици за 5-Г до крајот на август 2020 година. Со тоа е постигнато целосно обезбедување на градска 5-Г мрежа. Шенџен сега има над 46.000 5-Г базни станици.

Следниот чекор е да се поттикне развојот на 5-Г индустријата и развој на технологијата на екосистемот предвиден со тоа.

Овој технолошки центар во кинеската провинција Гуангдонг е дом на поголема група нови, но и веќе разработени кинески технолошки компании, меѓу кои и Хуавеј и Тенсент.

Би можело да ве интересира

Пандемијата на корона го забрза воведувањето на 5G мрежата

Канада го забрани пристапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежите

Извршните директори на американските авиокомпании предупредуваат на „хаос“ доколку 5G не се ограничи во близина на аеродромите

А1он

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

Во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата

Ана Ололовска

ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата

А1он