Богатството на Тито се уште е мистерија

Од:

Три члена на комисијата од Кабинетот на претседателот на Србија Томислав Николиќ, во почетокот на април го отвори сефот во Народната банка на Србија во кој Претседателството на некогашна СФРЈ го заклучи богатството на Јосип Броз Тито, но се уште не се знае што најдоа во него, ниту што ќе и припадне на државата, а што на неговите наследници.

Што точно се наоѓа во 11 вреќи во сефот никој точно не знае.

Првиот Основен суд кој ја води оставинската постапка, се уште не доби извештај од пописот на предметите, како ниту полномошниците на потомците на некогашниот претседател на СФРЈ, потврди адвокатот Горан Петронијевиќ, кој го застапува Јошка внукот на Броз.

Тој наведе дека застапниците на наследниците не учествувале во пописот на предметите од сефот на Претседателството на СФРЈ, бидејќи не биле повикани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска