Зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ во Скопје доби нов уметнички мурал насликан од архитектот и уличен артист од Белград Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“.
Муралот претствува прва арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје, кој е нарачка од Халкбанк АД Скопје, како поддршка за заедницата и ја пренесува пораката „Важни се луѓето“, што е и корпоративниот слоган на банката.
Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни.