Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Од:

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на Центарот, со цел промоција на уметноста во јавен простор.

Муралот треба да биде реализиран во периодот август – септември 2020 година.

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро е модел на јавно-цивилно партнерство со акцент на независната културна сцена и нови социокултурни процеси и муралот треба да ги отсликува основните начела на Центарот.

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Република Северна Македонија. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот, како и авторски хонорар во износ од 25.000 денари.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија на мејл-адресата  [email protected], најдоцна до 15 август годинава, со назнака „Конкурс за изработка на мурал“ и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ