Вечното дерби во македонската кошарка меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кое се играше во рамките на 9.коло од Суперлигата вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје беше прекинато на шест и пол минути до крајот поради фрлање пиротехнички средства на теренот од страна на навивачите на МЗТ.
Резултатот пред прекинот беше 84:68 за „аеродромци“.
МЗТ Скопје Аеродром кој ја имаше улогата на домаќин на оваа средба се соочува со ригорозни санкции поради овој инцидент.
Се уште не се знае дали по празнењето на салата натпреварот ќе продолжи вечерва.
Постигнати резултати на другите два натпревара од овој круг: Фени Индустри – Кожув 77:64 и Куманово – Лирија 95:87.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-1 (победи-порази), Кожув 6-3, Работнички 5-3, Фени Индустри 4-5, Куманово 3-6 и Лирија 1-8.