Хаос на албанско – грчката граница, заглавени илјадници албански граѓани

Од:

Километарски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.

Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај, но по најавата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест, побрзале да се вратат назад во Грција.

Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од Владата под итно да преземе неопходни мерки.

-Длабоко сум загрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат заглавени со часови на граничниот премин Какавија, сериозно изложени на ризик од ширење на пандемијата Ковид-19. Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата. Решението мора да биде веднаш!“, стои во реакцијата на Мета.

Во меѓувреме припадниците на полициски службениви од Ѓирокастро, специјата единица „Шќипоња“ и сообраќајната полиција на илјадниците заглавени граѓани им делат шишиња со вода.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици