Десет мигранти откриени во камион на царинскиот терминал во Тетово

Од:

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово.

Возачот и мигрантите се приведени и против нив ќе биде покрената постапка.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинската управа било пријавено дека мигрантите се најдени во приколката во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.

Возилото било во кругот на царински терминал. Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Мигрантите се на возраст од 15  до 49  години.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар